Отказот на Тиаго Мота е прашање на часови

March 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Отказот на Тиаго Мота е прашање на часови

Јувентус донесе одлука да стави крај на соработката со Тиаго Мота, а според „Газета дело Спорт“, неговото заминување е прашање на часови. Главна причина за прекинот беа катастрофалните резултати – порази од 0:4 против Аталанта во Торино и 0:3 на гостувањето кај Фиорентина. Во моментов, тимот е на петтата позиција во Серија А и ќе мора да вложи голем напор за да се избори за место во Лигата на шампионите. Шансите за титула се веќе изгубени. За привремено решение клубот се сврте кон Игор Тудор. Хрватскиот стратег прифати да го води тимот во последните девет натпревари од сезоната, со цел да ја врати стабилноста и да подготви терен за новиот тренер. Тој веќе постигнал договор со Јувентус. Најверојатно, од летото на кормилото ќе застане Роберто Манчини. Италијанските медиуми тврдат дека поранешниот селектор на Италија веќе постигнал договор со „бјанконерите“ за двегодишна соработка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.