March 12, 2025 | | Свет
Елиф Елмас блеска во дресот на Торино, каде што настапува како позајмен играч од Лајпциг, откако не се снајде во германскиот тим и реши да ја смени средината. По враќањето во Италија, тој се препороди и покажува одлични игри. Во јануари 2024 година, Елмас се пресели во Лајпциг од Наполи, но не успеа да се наметне кај Марко Розе, па во потрага по поголема минутажа реши повторно да заигра во Серија А. Сезонава во Бундеслигата одигра само два натпревари, а во Лигата на шампионите настапи трипати. Сепак, за Торино постигна три гола на четири натпревари, што е показател за неговата одлична форма. Германските медиуми тврдат дека едно е сигурно – Елмас нема да остане во Лајпциг по летото. Ако Торино не ја искористи откупната клаузула од 15 милиони евра, тогаш германскиот тим ќе се обиде да го продаде.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |