Познато е зошто Фоден го напушти кампот на Англија

June 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато е зошто Фоден го напушти кампот на Англија

Фил Фоден изненадувачки го напушти кампот на англиската репрезентација поради „семејни работи“. „Daily Mail“ ја откри причината зошто тој морал да замине, откако неговото заминување ги изненади сите и беше непознато зошто заминал. Фил Фоден го напушти кампот на Англија и се врати дома поради раѓањето на своето дете. Се претпоставува дека партнерот на напаѓачот ќе го роди нивното трето бебе, а Фоден се враќа во Велика Британија за да биде со своето семејство пред да се врати во Германија. Ѕвездата на Манчестер Сити досега ги стартуваше сите три натпревари на Англија на турнирот во Германија и се очекува да се врати до недела, кога трите лава играат во осминафиналето. Портпаролот на ФА изјави: „Фил Фоден привремено го напушти кампот на Англија и се врати во Велика Британија поради неодложна семејна работа“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.