February 9, 2025 | | Свет
Дербито меѓу Реал и Атлетико заврши без победник, со конечни 1:1, а клучен момент на натпреварот беше одлуката на ВАР да додели пенал за гостите по 35 минути игра. Судиската интервенција од подтрибинскиот простор внесе дополнителна тензија во и онака жестокиот дуел. Одговорниот во ВАР собата, Де Бургос Бенгочеа, го повика главниот судија Сесар Сото Градо да прегледа спорен момент меѓу Чуамени и Лино. Тој му приложи снимка во која францускиот играч наводно го нагазува Лино со крампоните. Шпанската Фудбалска Федерација веќе подолго време објавува аудио записи од комуникациите за спорни ситуации, а истото се случи и по ова дерби. Сега јавноста имаше можност да дознае што точно разговарале ВАР и главниот судија за пеналот на Атлетико. – Сесар, ти препорачувам да прегледаш можен пенал. Кога ќе бидеш пред мониторот, ќе зборуваме за тоа, – му вели Бенгочеа на Сото Градо. – Ова е акцијата, ја имам „замрзнато“, но не се гледа баш најдобро. Ќе ти покажам и друг агол кој остава многу појасна слика. Сега ќе ти прикажам агол кој покажува дека има нагазнување. Еве го тука………, – продолжува Бенгочеа. По увидот во снимката, главниот судија донесе конечна одлука. – Го нагазнува со крампоните… Ќе досудам пенал, но нема да покажам жолт картон. Пенал во корист на Атлетико Мадрид, – изјави Сото Градо. – Перфектно, – со тоа ја заврши конверзацијата Бенгочеа. Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |