Откриена зделката со ВИП седиштата: Барса заработува денес, но не го жртвува утрешниот приход

January 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Откриена зделката со ВИП седиштата: Барса заработува денес, но не го жртвува утрешниот приход

Иако долго време се пишува и зборува дека Барселона со издавање на ВИП местата се „откажува“ од идни приходи, сè повеќе шпански и европски медиуми го менуваат ставот. Најновите информации укажуваат дека клубот изнајмил одреден број ВИП седишта на период од 20 години на две компании, една од Катар и друга од Обединетите Арапски Емирати. Барселона ќе добие вкупно 100 милиони евра за оваа зделка. Катaрската компанија целосно го исплати износот од 30 милиони евра. Компанијата од Дубаи ќе исплати вкупно 70 милиони евра, но моментално клубот ќе добие 40% од таа сума, односно околу 28 милиони евра. Остатокот ќе биде исплатен во идниот период. Најважно во целата ситуација е тоа што клубот, во текот на наредните 20 години, од секое изнајмено седиште ќе инкасира по 25.000 евра годишно, додека арапските инвеститори ќе добиваат процент од вкупната добивка и ќе можат да располагаат со тие седишта, пренесува новинарот Сержи Соле од Mundo Deportivo. Затоа, клубот не се откажува од идните приходи заради сегашните проблеми, што е во согласност со сите досегашни зделки што ги склучила актуелната управа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.