February 12, 2025 | | Свет
Германските медиуми откриваат детали од новиот договор на Алфонсо Дејвис со Баерн Минхен, според кој левиот бек ќе добие дури 22 милиони евра само за потписот. По бројните шпекулации за неговата иднина, Дејвис донесе одлука да остане во Минхен и да потпише нов договор со баварскиот гигант. Новиот договор му гарантира годишна плата меѓу 15 и 20 милиони евра бруто, а дополнително добива и значителни бонуси. Меѓу нив се 500.000 евра ако биде избран во најдобрите 11 на ФИФА, како и 2 милиони евра во случај да ја освои „Златната топка“. Исто така, го чека голем бонус ако Баерн Минхен триумфира во Лигата на шампионите.
Алфонсо Дејвис е еден од најдобрите леви бекови во светот, познат по својата неверојатна брзина, дриблинг и офанзивна игра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |