Откриено е зошто Гундоган ја напушти Барселона

September 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Откриено е зошто Гундоган ја напушти Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта денеска имаше прес-конференција каде ја објаснуваше ситуацијата во клубот. Лапорта изјави дека финансиската ситуација е подобра од лани и дека се движат во добра насока. Едно од прашањата беше поврзано со Илкај Гундоган на кој му беше речено дека сезонава нема да му биде гарантирано сигурно место во првиот состав поради доаѓањето на Олмо. „Гундоган е одличен човек и фудбалер, имавме одлична сезона со него. По состанокот со Флик и разговорите за составот, тој реши дека сака да замине, се работи исклучиво за спортска одлука. Со ангажирањето на Дани Олмо кој игра на слична позиција, тоа беше одлука на фудбалерот и клубот. Ги прочитав коментарите дека се работи за потег од финансиски мотиви, но тоа не е точно“, рече Лапорта. Исто така, Гундоган имаше прилично висока плата од 19 милиони евра бруто, па иако Лапорта негира дека не се работи и за финасиите, сепак одлуката за раскинување на договорот е логична и од финансиски аспект.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.