July 28, 2025 | | Свет
Жоао Феликс ќе потпише за Ал-Наср за сума од 26 милиони фунти (35 милиони долари), каде ќе му се приклучи на својот сонародник Кристијано Роналдо. Според Foot Mercato, токму Роналдо бил клучната фигура во убедувањето на Феликс да се пресели во Саудиска Арабија. Со моќен аргумент – португалската репрезентација, 39-годишниот ас му објаснил дека играњето заедно во 40-50 натпревари следната сезона ќе им помогне да изградат подобра соработка на теренот, што ќе биде голема предност пред Светското првенство 2026. Извештаите велат дека токму овој фактор може да биде „одлучувачки“ во изборот на селекторот Роберто Мартинез за финалниот состав на Португалија. Феликс, кој минатата сезона играше на позајмица во Милан откако не се наметна во Челси по трансферот од Атлетико Мадрид вреден 45 милиони фунти, ја разбрал важноста на оваа понуда – и токму тоа „несомнено“ одиграло клучна улога во неговата одлука да потпише за Ал-Наср.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |