Откриено кој ќе биде гостинот на Роналдо со кого ќе го „сруши интернетот“

November 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Откриено кој ќе биде гостинот на Роналдо со кого ќе го „сруши интернетот“

Во ново видео на неговиот јутјуб канал, Кристијано Роналдо најави дека следниот гостин ќе го „сруши интернетот“. Претходно, гостин му беше Рио Фердинанд, а кога го направил каналот, во првите 24 часа Роналдо имаше над 20 милиони претплатници и ги сруши сите рекорди. Иако многумина се надеваа дека следниот гостин ќе биде Лионел Меси, меѓутоа тоа изгледа не е случај. Наводно, станува збор за најпознатиот јутубер „MrBeast“ кој има 330 милиони претплатници кој со својата содржина руши секакви рекорди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.