Откриено зошто Салах одбил 500 милиони и останал во Ливерпул

April 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Откриено зошто Салах одбил 500 милиони и останал во Ливерпул

И покрај шпекулациите дека на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“, Мохамед Салах одлучи да остане во Ливерпул и потпиша нов договор со важност од две години. Наводно, клуб од Саудиска Арабија му понудил неверојатна понуда вредна 500 милиони фунти, но Египќанецот ја одби. И покрај ваквата астрономска понуда, Салах избра да остане верен на „црвените“, каде што неговата годишна плата изнесува 20 милиони евра. Британските медиуми откриваат и зошто ја донел оваа одлука каде пресудил спортскиот мотив. Салах сè уште има амбиции во Премиер лигата, сака да го освои првото место на листата на најдобри стрелци во историјата на лигата. Дополнително, тој е еден од кандидатите за престижната „Златна топка“, награда која долго време му е лична цел. Најдобри пласмани во изборот за „Златна топка“ ги имаше во 2019 и 2022 година, кога се најде на петтото место.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.