October 29, 2024 | | Свет
Легендата на Манчестер Јунајтед Питер Шмајхел даде објаснување за тоа зошто Томас Тухел ги одбил „црвените ѓаволи“. Германецот летото преговараше со Јунајтед, но откако не успеаа да се договорат, Тен Хаг остана, но сега и Холанѓанецот доби отказ. Се поизвесно е дека Рубен Аморим, тренерот на Спортинг Лисабон ќе седне на оваа клупа, а Шмајхел го посочи Португалецот како погоден за позицијата и ја посочи причината зошто Томас Тухел летото ја одбил понудата на клубот од „Олд Трафорд“. „Манчестер Јунајтед веќе има структура која секогаш ќе биде над тренерот или менаџерот. Томас Тухел го погледна сето ова, овие промени кои беа направени и помисли - „на овие луѓе ќе треба да им се објаснува пред и после секој натпревар. Ако ја преземам оваа работа, исто така треба да преземам одговорност за секој аспект од фудбалскиот клуб“. Оваа структура повеќе одговара на некој како Рубен Аморим или Томас Франк, кои се навикнати да работат во такви услови. Можеби е време да се проба тренер наместо менаџер. Роберто де Зерби би ја завршил работата затоа што тој е тоа – тренер. На кандидатската листа има неколку соодветни. Оваа структура, која е поставена во моментов, мора да работи 100% за да се завршат работите“, рече Шмајхел.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |