Ова е најголемото промашување во историјата на Јунајтед според Сколс: За чудо не е Ентони!

September 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ова е најголемото промашување во историјата на Јунајтед според Сколс: За чудо не е Ентони!

Пол Сколс беше запрашан за тоа кој фудбалер е најлошото засилување во историјата на Манчестер Јунајтед. Тој остави длабок траг во овој клуб каде одигра повеќе од 700 натпревари и освои 25 трофеи. Според него, најлошо засилување воопшто е австралискиот голман со хрватски корени, Марк Боснич. Боснич своевремено после само една сезона го напушти клубот во 1990 година, а девет години подоцна се врати како замена за Петер Шмајхел. „Моравме да го замениме Шмајхел, знаевме дека ќе биде тешко. Марк Боснич беше добар во Астон Вила. Дојде кај нас и беше многу непрофесионален, тоа беше дури и смешно. Вежбите за шутирање вообичаено траат 15-20 минути. Тој беше уморен по само три удари. Не ни знаев дека не знае да шутира. Такво нешто во животот немав видено. На првиот натпревар игравме против Евертон, не успеа да ја шутне топката ниту до центарот. Денот беше совршен, без ветер. Разочарувачки. Навистина, Ентони е скапо платен, но за мене Боснич е најлош“, изјави Сколс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.