Ова може да го спаси Гвардиола: Родри се враќа многу побрзо од предвиденото?!

December 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ова може да го спаси Гвардиола: Родри се враќа многу побрзо од предвиденото?!

Манчестер Сити се наоѓа во најголемата криза откако Пеп Гвардиола го презеде кормилото на клубот, а една од клучните причини за тоа е сериозната повреда на шпанскиот фудбалер Родри. Средниот ред на „граѓаните“ е под голем удар без својот најдобар играч, кого Пеп неколкупати го опиша како еден од најважните во тимот. Во една од последните изјави, Гвардиола дури го спореди Родри со кошаркарската легенда Мајкл Џордан, нагласувајќи колку е важен за тимот. „Играме без најдобриот фудбалер во Премиер лигата и освојувачот на Златната топка. Кажете ми колку прстени освои Чикаго откако Џордан се пензионираше“, изјави Гвардиола, правејќи паралела со Џордан и истакнувајќи колку е важен неговиот шпански играч за успесите на Сити. Сепак, сега пристигнуваат многу пооптимистички вести за Манчестер Сити и Пеп Гвардиола. Иако првичните проценки говореа дека сезоната за Родри е завршена, новите информации се многу поохрабрувачки. Според информациите од Островот, опоравувањето на шпанскиот фудбалер оди многу подобро од очекуваното и постои можност тој да се врати на терените уште во пролетниот дел од сезоната. Оваа вест би била огромно олеснување за Гвардиола, кој ќе добие клучен играч назад во тимот, но сè уште останува да се види дали опоравувањето ќе се одвива според очекувањата и дали Родри навистина ќе може да се врати во полна форма. Сити ќе се надева дека овој важен играч ќе наскоро ќе се врати за да им помогне да ја прекинат кризата и да се вратат на победничките патеки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.