Ова се рекордите кои можат да се срушат на ова ЕП

June 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ова се рекордите кои можат да се срушат на ова ЕП

Се е спремно за почетокот на Европското првенство во Германија. Со почеток од 21 часот, турнирот го отвараат Германија и Шкотска. Италија ќе го брани трофејот, селекции како Франција, Англија, Германија и Португалија се проценките дека најмногу ќе го атакуваат. Постојат и бројки, односно рекорди кои можат да бидат срушени на ова Европско првенство. Најмногу титули на Европските првенства Германија и Шпанија го имаат освоено три пати, а една од тие селекции ќе се надева тоа да го стори и четврти пат. Исто така, Италија и Франција би можеле да бидат дел од рекордот со трета победа на турнирот. Најмлад фудбалер и најмлад стрелец во историјата на ЕП Каспер Козловски кој е репрезентативец на Полска на 17 години и 246 дена на претходното Европско стана најмладиот играч. Јамал пак може да стане и најмлад фудбалер и најмлад стрелец. Играчот на Барселона ќе има 16 години и 338 дена кога Шпанија ќе го започне својот турнир против Хрватска, а рекордот за најмлад стрелец го држи Швајцарецот Јохан Вонлантен од ЕП 2004 година кога стрелаше со свои 18 години и 141 дена. Најстар фудбалер во историјата на ЕП Пепе може да стане најстариот играч во историјата на ЕП, тој има 41 година, а рекордот го држи голманот Габор Кирали кој имаше 40 години и 86 дена кога во 2016 година неговата Унгарија играше против Белгија. Најмногу голови на едно ЕП Рекордот го држи Мишел Платини кога на турнирот во 1984 постигна девет голови во пет натпревари каде имаше два хет-трика. Главни кандидати на ова Европско првенство се Мбапе, Кејн и Лукаку. Најмногу настапи на ЕП Рекордот за најмногу настапи на ЕП го држи Кристијално Роналдо со 25 натпревари. Тој исто така има постигнато најмногу голови на Европското првенство, вкупно 14 голови. Роналдо со своите 39 години и 134 дена би можел да стане најстариот стрелец на Европското првенство, рекорд кој го држи Ивица Вастиќ кој постигна гол за Австијра против Полска на Европското првенство во 2008 година на возраст од 38 години и 257 дена.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.