August 16, 2024 | | Свет
Со почеток од 21 часот Манчестер Јунајтед и Фулам на „Олд Трафорд“ ќе ја отворат новата сезона во Премиер лигата. Ова ќе биде 33-та сезона во Премиер лигата, а 126-та во историјата на најсилната дивизија на англискиот фудбал. Во 1992 година беше донесена одлука името да се преименува во Премиер лига наместо тогашната Прва дивизија, а во 1993 година Јунајтед беше првиот освојувач на Премиер лигата. Иако Манчестер Јунајтед е најтрофејниот клуб во Премиер лигата со 13 титули, последен пат ја освоија пред 11 години. Бранител на титулата е Манчестер Сити кој воедно и четири сезони по ред е освојувач на лигата, а во последните седум години имаат шест лигашки титули. Кога станува збор пак за најмногу титули воопшто во англискиот шампионат, и овде Јунајтед е лидер со 20 титули, Ливерпул е втор со 19, трет е Арсенал со 13 титули, четврт е Манчестер Сити со десет и топ пет листата ја затвара Евертон со девет титули.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |