Ова се трите критериуми по кои се доделува „Златната топка“

October 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ова се трите критериуми по кои се доделува „Златната топка“

„Златната топка“ е најголемата индивидуална награда во фудбалот. Наградата за минатата сезона ќе биде доделена на 28. октомври во Париз, а според пишувањата во медиумите, наводно Винисиус Жуниор ќе биде победникот. Како најголеми фаворити за оваа награда се сметаат Бразилецот, Родри, како и Белингем. „Златната топка“ се доделува по неколку критериуми, но кои се тие? Првиот критериум е фудбалерот да има добри индивидуални настапи, истите треба да бидат одлучувачки, а играчот во текот на целата сезона треба да покаже импресивен карактер. Вториот критериум е тимските настапи и успеси каде тимот на играчот кандидат ќе освои важни трофеи како Лигата на шампионите и трофеј во домашното првенство. Третиот критериум е играчот да покаже класа, односно добро да се однесува на теренот, но и да покаже фер-плеј.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.