Овен: Прашање на време е кога тој ќе заврши во Мадрид

January 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Овен: Прашање на време е кога тој ќе заврши во Мадрид

Реал Мадрид ќе мора да биде активен на трансфер пазарот во јануари, а десната бековска позиција е една од клучните области што треба да се засилат. Претседателот Флорентино Перез веќе иницираше план за ангажман на Трент Александер-Арнолд, кој се наоѓа во последните месеци од својот договор со Ливерпул. Со истекот на договорот во јуни, Реал Мадрид е во поволна позиција за преговори. Реал веќе понудил одредена сума за Трент, но Ливерпул сака до крај да се обиде да го убеди да го продолжи договорот. Сепак, легендарниот Мајкл Овен не верува дека тоа ќе се случи. Овен, кој и самиот своевремено направи директен трансфер од Ливерпул во Реал Мадрид, вели дека кога најуспешниот клуб во Европа повикува, тешко е да се одбие. „Фактот дека Реал има јасна намера да го доведе Александер-Арнолд ме уверува дека е само прашање на време кога тој ќе потпише за нив. Ако Трент имал намера да потпише нов договор со Ливерпул, Реал немаше да влезе во официјални чекори. Сигурно веќе се водат тајни разговори меѓу двата клуба. Ова е голема вест“, напиша Овен на „Икс“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.