Падна договор: Елмас ќе биде соиграч на Столе во Валенсија

January 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Падна договор: Елмас ќе биде соиграч на Столе во Валенсија

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас следните шест месеци ќе настапува како позајмен играч во шпанската Валенсија, приклучувајќи му се на својот репрезентативен колега Столе Димитриевски. Договорот со Лајпциг останува активен до 2028 година, но Елмас ќе ја мине втората половина од сезоната во Валенсија. Како што објави Флоријан Плетенберг од Sky Germany, трансферот е дефинитивен, а по една година во Германија, Елмас привремено ќе го промени клубот. Шпанската Валенсија се наоѓа во борба за опстанок, а тренерот Карлос Корберан лично стапил во контакт со Елмас за да го убеди да се пресели на „Месталја“. Сите детали се договорени, и во следните денови Елмас ќе биде официјално промовиран како ново засилување на тимот. Раководството на Валенсија верува дека македонскиот фудбалер ќе има значителна улога во нивната борба за останување во лигата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.