Падна договор: Осимен ќе игра во Галатасарај!

September 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Падна договор: Осимен ќе игра во Галатасарај!

Конечно Осимен ќе го промени клубот. Тој ќе премине во Галатасарај на позајмица на една сезона каде платата ќе ја плаќа турскиот гигант. Тој ја прифатил понудата на Галатасарај каде конечно ќе замине од Наполи, макар и на една сезона. Осимен воено од Наполи барал откупната клаузула да му биде 75 милиони евра, наместо досегашните 130. Воедно, тој сака да има клаузула со која би можел во зимскиот период да замине од Галатасарај во случај да добие понуда од поголем клуб. Вечерва тој треба да пристигне во Истанбул со што ќе бидат завршени и последните детали за оваа шокантна зделка можеби за многумина, но позитивна за турскиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.