Падна одлука за иднината на Столе Димитриевски

September 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Падна одлука за иднината на Столе Димитриевски

И покрај бројните шпекулации во изминатиот период, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски најверојатно ќе остане во Валенсија барем до зимскиот преоден рок. Очекувањата беа дека ќе ја промени средината бидејќи не е прва опција меѓу стативите, но конкретни и атрактивни понуди не пристигнаа. Трабзонспор се издвојуваше како најсериозен кандидат, но на крајот турскиот клуб се реши за Онана. Се споменуваше и интерес од Ризеспор, но Димитриевски од самиот почеток не ја гледал таа опција како доволно привлечна. Во такви околности, 30-годишниот голман одлучи да остане во Шпанија, каде на тренинзите ќе се обиде да се избори за место на голот и ќе ја почека зимата, надевајќи се на подобра понуда. Да се потсетиме, трансфер-пазарите во Саудиска Арабија, Турција, Русија, Грција, Мексико и Катар се затвораат до средината на септември, што дополнително ги ограничува неговите можности за промена на клубот во овој период.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.