September 29, 2025 | | Свет
Поразот од Брентфорд со 3-1 во шестото коло на Премиер лигата повторно ги разгоре шпекулациите за иднината на Рубен Аморим, но од „Олд Трафорд“ пристигна јасна порака – менаџерот останува на клупата и ужива целосна поддршка од раководството. Според „Би-Би-Си“, ко-сопственикот Џим Ратклиф смета дека вистинска оценка за работата на Португалецот може да се даде само на крајот од сезоната. „Ѓаволите“ веруваат дека тимот е во процес на градење и дека моменталните резултати не се доволна причина за драстични потези. Иако во медиумите се спомнуваа имињата на Андони Ираола, Оливер Гласнер и Фабијан Хирцелер како потенцијални наследници, во овој момент тоа изгледа нереално сценарио. Аморим седна на клупата на Јунајтед минатата есен и досега освои 34 бода во 33 натпревари во Премиерлигата – бројка што предизвикува загриженост кај навивачите. Дополнително, тимот е без победа на последните два меча, а елиминацијата од четвртолигашот Гримсби во Карабао купот ја зголеми тензијата. Сепак, клубот порачува дека нема промени барем до крајот на сезоната, а пред Аморим останува задачата да ја врати стабилноста и резултатската сигурност.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |