Пакета пак ги нервира Англичаните, може да добие доживотна суспензија

October 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пакета пак ги нервира Англичаните, може да добие доживотна суспензија

Играчот на Вест Хем Лукас Пакета повторно е на мета на Фудбалската асоцијација. Тие покренале нови обвинувања против него бидејќи Бразилецот се ослободил од стариот мобилен телефон, па сега ФА не може да направи проверка на некои детали. Тој беше под истрага бидејќи намерно добивал жолти картони со цел други лица да профитираат со обложување. Дури 60 лица од Бразил уплатиле суми помеѓу 7 и 400 фунти, а вкупните добивки изнесувале 100.000 фунти. Сега пак, Пакета пак ја налутил ФА бидејќи телефонот кој првично му бил запленет а потоа вратен и повторно побаран од него, Бразилецот го фрлил и се ослободил од него. Новите обвинувања се во насока на тоа дека Пакета ја попречува истрагата и одбива да соработува. Воедно, ФА бара и доживотна суспензија за него.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.