Палиња конечно ќе стане играч на Баерн Минхен!

July 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Палиња конечно ќе стане играч на Баерн Минхен!

Баерн направи чекор напред во преговорите за потписот на Жоао Палиња, а договорот е на работ на комплетирање со Фулам. Клубовите наскоро ќе ги договорат последните детали за да ги потпишат документите во следните денови, пренесува „Sky Sport DE“, а Палиња јасно побара од Фулам да го пушти во Баерн. Минатото лето беше се договорено меѓу двата клуба, но договорот пропадна во последен момент, а причината беше доцнењето на документацијата од Лондон. Баерн ќе плати 51 милиони евра веднаш, а останатите пет ќе дојдат преку бонуси со што воедно тоа претставува нов трансфер рекорд за Фулам.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.