October 4, 2024 | | Свет
Кол Палмер има неверојатен почеток на сезоната за Челси и продолжува со добрата форма од минатата сезона. Сезонава во Премиер лигата има шест гола и четири асистенции. Денеска пристигна информација дека тој наводно би можел да заигра за селекцијата на Англија, но како лев бек. На левата бековска позиција Англија има проблем бидејќи Лук Шо е повреден, претходно играше Трипие, но тој не е повикан за наредните натпревари на селекцијата. Запрашан за тоа кој ќе игра на оваа позиција, привремениот Ли Карсли рече дека во моментов Трент Александер-Арнолд, Букајо Сака и Кол Палмер можат да покријат. Александер-Арнолд најчесто игра како десен бек, а минатата сезона Клоп го испроба и на позицијата заден везен. Букајо Сака игра како десно крило, а на почетокот од сениорската кариера има играно и како лев бек, но името на Палмер е тотално изненадување бидејќи тој никогаш претходно не играл на таа позиција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |