Палмер му „украде“ гол на Нкунку поради „Фантази Премиер лига“

December 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Палмер му „украде“ гол на Нкунку поради „Фантази Премиер лига“

Фудбалерите на Челси синоќа победија на гости кај Саутемптон со 5:1 и се вклучија активно во битката за титулата, иако нивниот менаџер Мареска инсистира дека не се во трка за Премиер лигата. Со оваа победа, Челси сега се наоѓа на второто место. Во триумфот посебно внимание привлече голот на Палмер за 4:1. Во 77. минута, Нкунку помина низ одбраната на Саутемптон и се упати кон голот, но пред да ја смести топката во мрежата, Палмер успеа да ја „украде“ и да ја смести во голот, изненадувајќи го дури и својот соиграч. По постигнувањето на голот, Палмер веднаш се поздрави со Нкунку, кој, насмеан, го прифати потегот. Потоа, во интервјуто по натпреварот, Палмер ја призна својата мала шега и се извини за тоа што му го „украде“ голот, но ги појасни причините, се работело за „Фантази Премиер лигата“. „Извини Нкунку, но моите играчи на Фантази сакаа да добијат поени“, се пошегува Палмер, на што Нкунку одговори со насмевка и ја прифати ситуацијата. Палмер со својот гол донесе 7 поени за менаџерите на Фантази кои го имаа во тимот, а со вкупно 107 поени, тој е втор на листата на најдобри играчи во Премиер лигата, веднаш зад Мохамед Салах, кој има 151 поен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.