December 12, 2024 | | Свет
Дарко Панчев се приклучи во дискусиите за контроверзниот гол на Милан, кој донесе победа од 2-1 над Црвена Ѕвезда во Лигата на шампионите. Македонската фудбалска легенда, која го остави својот печат во дресот на српскиот клуб, го зазеде ставот во одбрана на Ѕвезда. Во разговор за српскиот „Спорт Клуб“, Панчев изрази јасно уверување дека клубот е оштетен од судиската одлука во конкретната ситуација. „Ако тоа се случеше во финишот во шеснаесетникот на италијанскиот претставник, сигурно ќе беше досуден прекршок, немаше да отиде во ВАР собата. Толку од чесноста. Значи, лицемерието кое Западот го покажува кон клубовите од Истокот добија нова потврда и нова димензија, играч на Милан турна ривал од Звезда. Играв фудбал, знам што е фаул, каков фаул, брука срамота“, изјави Панчев во интервјуто за Спорт Клуб.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |