February 12, 2025 | | Свет
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас оваа зима реши да ја продолжи својата кариера во Италија, потпишувајќи за Торино. Откако имаше ограничена минутажа во Лајпциг, калчолигашот му претставува нов предизвик. Горан Пандев, некогашниот капитен на Македонија, во интервју за Радио Лациале изјави дека ова е вистински потег за Елмас, оценувајќи дека Серија А е подобра опција за него отколку Бундеслигата. „Добро направи што се врати во Италија, мислам дека ова натпреварување му одговара повеќе“, изјави Пандев. Елмас дојде во Торино на позајмица до крајот на сезоната, а неговиот нов тим моментно се наоѓа на 11. место во италијанскиот шампионат по 24 одиграни кола. Претходно, тој настапуваше пет години за Наполи, каде што во сезоната 2022/23 ја освои шампионската титула во Серија А.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |