Пандев искрено: Бев дете без пари во Италија, Рапиќ многу ми помогна!

August 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пандев искрено: Бев дете без пари во Италија, Рапиќ многу ми помогна!

Најдобриот македонски фудбалер во историјата Горан Пандев беше во емисијата „Моите најдобри 11“ каде се присети на почетоците во Италија и на хрватската легенда која таму му помогна. Со своите 20 години Пандев во сезоната 2003/04 премина во Анкона, а таму главен играч беше Рапаиќ. Пандев го стави токму него во идеалниот тим на кариерата, а даде и објаснување за тоа. „Милан Рапаиќ бидејќи додека бев во Анкона многу ми помогна во кариерата. Имав финансиски проблеми бидејќи клубот не ни ги исплаќаше платите и тој ме зема да живеам со него. Бев дете, и не можам да си ја плата киријата. Наш тренер беше Џовани Галоне, а еднаш Рапаиќ му кажа: „Господине, гледате како му оди на малиот, нека игра“. И дојде првиот меч против Болоња. Мики ми пријде и ми рече: Дете денеска играш од прва, не ме разочарувај. Јас тогаш дадов гол на Џанлука Паљука, и не го разочарав“, рече Пандев.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.