June 26, 2024 | | Свет
Бранителот на Копа Америка, Аргентина веќе обезбеди пласман во четвртфиналето на овој турнир каде се сметаат за фаворити. Во првиот натпревар ја совладаа Канада со 2-0, а во вториот Чиле со 1-0 со голот на Лаутаро кој падна во 88. минута. Тие уште го немаат обезбедено првото место бидејќи на Копа Америка во случај на ист број бодови одлучува гол-разликата, а не меѓусебниот скор. Грижа кај Аргентинците предизвика Меси кој уште на полувремето се пожали на повреда. „Почувствував непријатност во десната тетива на коленото. Ме мачи малку, но успеав да го завршам натпреварот, па се надевам дека не е ништо сериозно. Не знам, ќе видиме“, изјави Меси. Откри и дека имал температура и болки во грлото последниве неколку дена. Тие на 30-ти јуни во 02:00 часот ќе се сретнат со Перу, а другиот натпревар во оваа група е меѓу Чиле и Канада. На Аргентина и е доволен и бод за да заврши како првопласирана во групата А.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |