Паника во Белгија: Де Брујне се заканил дека ќе замине од селекцијата

September 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Паника во Белгија: Де Брујне се заканил дека ќе замине од селекцијата

Белгија претрпе пораз од Франција со 2-0 во рамките на второто коло од Лигата на нации, а проблемите во белгиската репрезентација не престануваат. Имено, по завршувањето на натпреварот, Кевин Де Брујне упати остри критики до неговите соиграчи за кој кажа дека не се потрудиле доволно и наводно тој се заканил и дека ќе ја напушти селекцијата ако нема промени. „Франција беше подобра, и нема што многу да се зборува. Игравме со шест во одбрана. Немаше никаква врска меѓу редовите. Моравме да играме подобро во вториот дел. Бевме назад. Некои играчи не си ја завршија работата. Реков во соблекувалната што треба да поправиме. Ако не можете да играте против најдобрите, тогаш не сте доволно добри. Мора да дадете се од себе на теренот, а некои од нашиот тим не го прават тоа. Можам да прифатам дека не сме толку добри како Французите. Но, овие други работи се неприфатливи. Сега нема да плачам. Имам 33 години и повеќе не го правам тоа“, рече Де Брујне.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.