Паника во Полска: Левандовски се повлече од репрезентацијата поради конфликт со селекторот

June 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Паника во Полска: Левандовски се повлече од репрезентацијата поради конфликт со селекторот

Роберт Левандовски објави дека се повлекува од полската репрезентација поради нарушени односи со селекторот Михал Пробиеж. Во објавата на социјалните мрежи, 36-годишниот напаѓач на Барселона јасно порача дека нема намера да настапува додека Пробиеж е селектор. „Со оглед на околностите и загубата на доверба кон селекторот, решив да се повлечам од националниот тим додека тој ја извршува оваа функција.“ Левандовски, кој е најдобар стрелец во историјата на Полска со 85 голови, изрази надеж дека еден ден повторно ќе може да игра за репрезентацијата. „Се надевам дека во иднина повторно ќе имам шанса да играм пред најдобрите навивачи во светот.“ Полските медиуми наведуваат дека главна причина за оваа одлука е одземањето на капитенската лента, што Левандовски длабоко го разочарало. Иако не беше повикан за пријателскиот меч против Молдавија, присуствуваше на стадионот за да му оддаде почит на својот поранешен соиграч Камил Гросицки, кој официјално се збогуваше со репрезентативниот дрес. Михал Пробиеж ја води Полска од 2023 година, но оваа ситуација покажува дека постојат сериозни проблеми во односите во тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.