Парагвајците имаат „анти Меси“ правило пред дуелот со Аргентина

November 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Парагвајците имаат „анти Меси“ правило пред дуелот со Аргентина

Парагвај и Аргентина во четврток ќе се сретнат во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026 година, а домаќините имаат посебно правило за овој дуел. Спортскиот директор на Фудбалската федерација на Парагвај, Фернандо Виласбоа го објасни планот кој го имаат. „Секој кој ќе носи дрес со името на Лионел Меси нема да може да влезе на стадионот. Навивачите кои доаѓаат во дресови на Аргентина, Барселона или Интер Мајами, или кој било друг дрес со името на Меси, нема да бидат пуштени на стадионот“, рече Фернандо Виласбоа. „Никој нема да смее да го носи дресот на Аргентина, аргентински клубови или дресови со имиња на играчи од други земји. Сакаме да го исполниме стадионот со навивачи на Парагвај за фудбалерите да ја видат и почувствуваат поддршката од трибините“, рече тој. Ова правило е и поради безбедноста околу стадионот, а вакво правило претходно имаше и за Винисиус и беше именувано „анти-Винисиус“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.