August 25, 2024 | | Свет
Реал Мадрид доби понуда од околу 400 милиони евра од Ал Ахли за услугите на Винисиус Жуниор, но тимот од Мадрид се повикуваше на неговата клаузула од една милијарда евра за оние кои сакаат да го ангажираат Бразилецот. Тимот од Саудиска Арабија му понудил една милијарда евра на Винисиус кој може да ги заработи за пет години. Иако сите очекуваа понудата без проблем да биде одбиена, сепак бразилскиот репрезентативец им соопштил дека наредното лето ќе им соопшти дали понудата ќе биде прифатена или не. Ваквиот одговор наишол на задоволство кај саудискиот клуб кој смета дека успеале да го привлечат неговото внимание. Договорот на Винисус му истекува во 2027 година, па во текот на сезоната најверојатно ќе започне преговори за нов договор со Реал Мадрид, па ако таму настанат проблеми, Ал Ахли би можел да ја искористи целата ситуација. Постои и таа опција Флорентино Перез да прифати понуда од неколку стотици милиони евра, па со истите средства да инвестира во тимот. Ваквиот трансфер би бил шок во фудбалскиот свет, а токму Мбапе би можел да биде среќен од ваквиот исход најмногу поради истата позиција која ја играат со Бразилецот, но многу повеќе информации околу потенцијалниот трансфер би можело да има во текот на сезоната, а особено наредниот трансфер период.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |