Парма го изненади Јувентус, славеа Елмас и Торино! (ВИДЕО)

April 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Парма го изненади Јувентус, славеа Елмас и Торино! (ВИДЕО)

Во 33. коло од Серија А, тимот на Парма приреди вистинска сензација совладувајќи го Јувентус со минимални 1-0. Единствениот погодок на натпреварот го реализираше аргентинецот Матео Пелегрини, и тоа во самиот финиш од првото полувреме, во судиското продолжение. Со овој исход, Јувентус остана закован на петтата позиција и дополнително си го отежна патот кон Лигата на шампионите. За разлика од нив, Парма освои три клучни бода во битката за опстанок и се искачи на 15. место на табелата. Првиот пораз за Игор Тудор на клупата на „старата дама“ пристигна по две победи и исто толку ремија. Торино, предводен од Елиф Елмас, запиша сигурна победа против Удинезе со 2-0 на свој терен. Елмас започна како стартер и одигра 75 минути, додека стрелци беа Че Адамс и Али Дембеле. Исто така, Лацио се радуваше на три бода по триумфот од 0-2 над Џенова во гостинска средина, додека Фиорентина беше подобра од Калјари со конечен резултат 1-2.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.