April 26, 2025 | | Свет
Патрис Евра, некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, на 43 години направи вистински пресврт во животот каде реши да дебитира во аматерскиот ММА на 23 мај во париската „Аккор Арена“. Французинот со огромна возбуда го најави својот настап, ветувајќи вистински спектакл на сцената на ПФЛ Европа. Евра призна дека со години наназад тренирал со врвни борци и дека е подготвен за овој нов предизвик. Посебно внимание привлече кога го спомена Луис Суарез како „посакуван противник“ во кафезот шеговито додавајќи дека „ќе плати од свој џеб, дури и ако биде каснат“. Инаку, конфликтот меѓу Евра и Суарез датира од 2011 година, кога Уругваецот беше суспендиран од страна на Фудбалската асоцијација на Англија поради расна навреда кон Французинот. Иако требаше да дебитира уште во 2022 година, настапот тогаш беше одложен. Овојпат, Евра изгледа решен конечно да го оствари својот сон и да ги покаже своите боречки способности пред публиката. Името на неговиот противник сè уште не е официјално објавено, но најавите се дека настапот ќе биде збогатен со бројни звучни имиња од француската ММА сцена. Фото/Photo: Sky Sports
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |