July 13, 2024 | | Свет
Поранешниот француски фудбалер кој настапуваше за Јунајтед каде стана легенда на клубот Патрис Евра е осуден на условна казна од 12 месеци затвор поради напуштање на семејството во периодот од мај 2021 до септември 2023 година, пренесува „Le Parisen“. Одлуката ја донел Кривичниот суд во Нантер, а Евра ќе треба на поранешната сопруга да и плати 4.000 евра за морална штета и 2.000 евра за судски трошоци. Евра пак реши да објави бизарно видео на Инстаграм каде се гледа дека е облечен во портокалова затворска облека со знак за долар околу вратот и лисици на рацете, тој танцува и игра кошарка на нешто што изгледа како затворски терен. Адвокатот на Евра пак вели дека поранешната сопруга била обезбедена финансиски. „Господинот Патрис Евра поднел жалба знаејќи дека на сопругата и обезбедил стан, куќа со базен на југот на Франција и и позајмил речиси два милиони евра за секојдневно живеење, сума која таа одбива да ја врати, што е причината за ова судење“, рече Жером Бурсикан. Во својата кариера Патрис Евра играше како бек за италијанските клубови Марсала 1912, Монца и Јувентус, потоа Ница, Монако и Марсеј во Франција и Манчестер јунајтед и Вест Хем во Англија. Освои 19 клупски трофеи, а за селекцијата на Франција одигра 81 натпревар и се пензионираше во 2019 година.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |