Пауло Фонсека бил отпуштен преку СМС порака!

December 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пауло Фонсека бил отпуштен преку СМС порака!

Според италијанските медиуми, Пауло Фонсека добил известување за отказ преку СМС порака што му ја испратил сопственикот на Милан, Гери Кардинале. Клубот вчера официјално објави дека се разделува со Фонсека и го назначи Сержо Консеисао за нов тренер. Првите шпекулации за можен отказ се појавија во неделата вечерта, по натпреварот против Рома кој заврши нерешено. Италијанските медиуми сега изнесуваат дополнителни детали за начинот на кој се одвивале работите во позадина. Според извештаите на Sky Sports, ниту еден од директорите на Милан не сакал лично да му ја соопшти одлуката на Фонсека, па затоа сопственикот Кардинале одлучил да го информира тренерот преку порака. И покрај отпуштањето на тренерот, слободно може да се каже дека вина имаат и играчите на Милан кој на моменти не покажаа никаква желба за борба и успех. Што се однесува до Фонсека, фановите на Милан засекогаш ќе ги паметат победите над Интер и Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.