May 5, 2025 | | Свет
Фудбалерот на Интер, Бенџамин Павар, нема да биде дел од тимот за клучниот натпревар против Барселона, откако денеска го напушти тренингот поради болка. Францускиот дефанзивец се обиде да одработи дел од тимскиот тренинг, но не издржа до крај и принудно ја прекина сесијата, што значи дека не е во физичка состојба за настап. Првичните информации беа оптимистички, и Павар и Лаутаро Мартинез се вратија на тренинзите, што ја зголеми надежта дека ќе бидат во комбинација за престојниот дуел со Барса. Сепак, само Лаутаро успеа целосно да се рехабилитира и ќе биде подготвен за натпреварот, додека Павар дефинитивно отпаѓа. Овој неочекуван развој е сериозен удар за Симоне Инѕаги, особено со оглед на тоа што се работи за дуел со голема важност. Павар досега одигра значајна улога во дефанзивната стабилност на Интер и неговото отсуство ќе бара нови решенија во одбраната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |