Педри останува со репрезентацијата на ЕП, потврдува шпанската федерација

July 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Педри останува со репрезентацијата на ЕП, потврдува шпанската федерација

На вчерашниот натпревар играчот на Барселона заработи лоша повреда во дуелот со Тони Крос. Тој ќе остане со соиграчите на својата репрезентација до крајот на настапите на Европското првенство во Германија, и покрај тоа што нема да ги игра натперварите до крајот на првенството. Од шпанската федерација потврдија дека Педри има истегнување на лигаментите на левото колено од втор степен. Прогнозите се дека го чека пауза од месец до месец ипол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.