August 13, 2025 | | Свет
Фудбалот повторно докажа зошто е најнепредвидливата и највозбудливата игра на светот. Во магична вечер за играчите и навивачите на англискиот четвртолигаш Бромли, овој скромен клуб направи историско изненадување – во првото коло од Карабао купот го елиминираше Ипсвич Таун по изведување на пенали. Мечот во регуларниот дел заврши 1-1, но вистинската сензација беше исходот на пенал-рулетот, каде домаќините беа постабилни и славеа еден од најголемите успеси во својата историја. Ипсвич, кој минатата сезона го загуби премиерлигашкиот статус, ја доживеа една од најнеобичните и најнепријатни вечери во своето постоење. Натпреварот се играше на стадионот на Бромли, кој собира едвај 1.300 гледачи. Поради проблеми со водоводната инсталација во соблекувалните, фудбалерите на Ипсвич мораа тимскиот состанок на полувремето да го одржат во својот автобус, пренесува „Сан“. Домаќините поведоа во првото полувреме преку Елевери, а на почетокот од вториот дел Бен Џонсон израмни за Ипсвич. Тоа беше и конечниот резултат пред продолженијата и пеналите, каде што херојската вечер на Бромли беше запечатена со триумф. Финансиската разлика меѓу двата тима е огромна – според „Трансфермаркт“, целокупниот состав на Бромли вреди 2,43 милиони евра, додека оној на Ипсвич е проценет на дури 199 милиони евра. Но, како што често се случува во фудбалот, вредноста на хартија не значи ништо кога има срце, борба и поддршка од трибините.
Tonight's key moments 🔑 Extended highlights 🔜#WeAreBromley pic.twitter.com/YSkju6dqOb
— Bromley FC (@bromleyfc) August 12, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |