February 13, 2025 | | Свет
Манчестер Сити веќе размислува за иднината без Кевин Де Брујн, а Пеп Гвардиола има еден конкретен кандидат за негов наследник. Иако белгискиот плејмејкер е клучен играч во тимот, ова лето ќе наполни 34 години, а неговиот договор истекува на крајот од сезоната, без гаранција дека ќе биде продолжен. Според најновите информации, Гвардиола сака како замена да го доведе Флоријан Вирц, германскиот талент од Баер Леверкузен, кој игра фантастично во Бундеслигата. Проблем може да биде неговата цена – Леверкузен ја одреди сумата на 150 милиони евра, но Манчестер Сити, според Bild, нема намера да се откаже од овој трансфер. Сепак, Вирц одамна е мета и на Реал Мадрид, што може да значи голема борба за неговиот потпис. Според изјавите во медиумите пак, многумина сметаат дека Баерн Минхен е најмногу загреан за германскиот талент.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |