Пеп ептен жали за Родри: Колку титули освои Чикаго Булс откако Џордан се пензионираше?!

December 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пеп ептен жали за Родри: Колку титули освои Чикаго Булс откако Џордан се пензионираше?!

Очигледно е дека Пеп Гвардиола не може да се помири со отсуството на Родри. Освојувачот на „Златната топка“ е убедливо најважниот играч за тимот на Пеп, а Шпанецот јавно го призна тоа и откри дека тимот не е ист без него. Тој дури направи споредба со Џордан и Чикако Булс по ерата на Мајкл Џордан: “Тоа е проблемот. И јас и Родри знаевме дека вака ќе биде. Видете, ние оваа сезона играме без најдобриот играч во Премиер-лигата, без освојувачот на „Златната топка“. Ќе ми кажете ли колку титули освоија Чикаго Булс откако Мајкл Џордан се пензионираше?“, изјави Пеп. Многумина сметаат дека ваквата изјава не е на место, други пак преку оваа изјава ќе забележат колку само Гвардиола не може без Родри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.