September 29, 2024 | | Свет
Манчестер Сити ќе биде без нивниот најдобар играч Родри цела сезона поради тешката повреда која Шпанецот ја заработи во дуелот со Арсенал. Проблемите без него веќе се чувствуваат каде Сити одигра нерешено кај Њукасл. Засега, Гундоган и Рико Луис ја покриваат таа позиција, постои можност Сити да тргне во јануари по играч на таа позиција. Пеп вчера рече дека токму Родри премногу им недостасува и дека ќе наидат на проблеми без него. „Родри е незаменлив затоа што поседува нешто што е тешко да се најде, не само во Сити, туку и во целиот свет. „Ако кажете дека имаме пари да купиме играч како Родри, ќе ви кажам дека нема таков играч на пазарот“, изјави Гвардиола. Во последните четири натпревари, Сити ремизираше дури трипати.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |