Пеп со иронична порака: Ако Арсенал освои титула, тоа е затоа што трошат пари, не затоа што Микел е добар

September 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Пеп со иронична порака: Ако Арсенал освои титула, тоа е затоа што трошат пари, не затоа што Микел е добар

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одговори со доза на иронија на новинарско прашање во врска со големите трошоци на дел од премиерлигашите во летниот преоден рок. Арсенал и Ливерпул ова лето вложија сериозни средства на трансфер-пазарот, а Гвардиола искоментира: „Тоа што можам да го кажам за мојот пријател Микел е дека ако ја освои Премиер лигата тоа е зашто трошел премногу пари, а не зошто е толку добар,“ рече Пеп со јасна иронија. Интересно е што токму шпанскиот стратег е еден од тренерите со најголеми трошоци во светот на фудбалот. Откако е на чело на Манчестер Сити, Гвардиола има потрошено повеќе од една милијарда евра на трансфери.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.