December 20, 2024 | | Свет
Според информациите на The Independent, Манчестер Сити размислува за ѕвездата на Баерн Минхен, Јамал Мусиала, ова лето. Се тврди дека интересот на Сити е поголем од интересот на други големи европски клубови, а 21-годишниот фудбалер пак од Баерн бара гаранции за способноста на Баерн да се натпреварува, во контекст на разочарувачката сезона. Договорот на германскиот креативец трае до 2026 година, но одредени извори тврдат дека досега тој не покажал голема наклонетост да го продолжи или подобри договорот. Меѓу клубовите постои верување дека тој може да биде купен оваа или следната година, при што Манчестер Сити е најинтересиран. Како што се тврди, Ливерпул, Барселона и Пари Сен Жермен исто така го следат Мусиала, кој се верува дека преферира да се пресели во Премиер Лигата како следна дестинација, иако јавно призна дека како дете Барса му бил омилен клуб. Од друга страна пак Баерн Минхен инсистира тој да потпише нов договор и наводно се оптимисти дека ќе продолжи да игра за германскиот гигант.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |