April 12, 2025 | | Свет
Во Реал Мадрид веќе се подготвуваат промени за летниот преоден рок, а една од најкоментираните теми е бројот „10“. Според шпанските медиуми, Флорентино Перез веќе донел конкретна одлука – легендарната „десетка“ на Лука Модриќ ќе му биде одземена, доколку Хрватот реши да остане во клубот и по завршувањето на оваа сезона. Наводно, веќе се одржал состанок во Мадрид, на кој Перез му соопштил на Мартин Зубименди дека го гледа како новиот носител на тој дрес. Зубименди е еден од приоритетите на Реал, и се наоѓа високо на листата со желби на претседателот. Реал Мадрид планира ова лето да ја активира откупната клаузула за играчот на Реал Сосиедад, која изнесува 60 милиони евра. Клубот од Сан Себастијан претходно јасно стави до знаење дека не планира да преговара за пониска цена. Доколку трансферот се реализира, новата „десетка“ во Мадрид ќе има нов сопственик, и тоа без разлика на иднината на Лука Модриќ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |