March 4, 2025 | | Свет
Флорентино Перез во два мандати како лидер на Реал Мадрид реализираше бројни трансфери што изгледаа невозможни, но со трпение и стратегија ги оствари. Пред четврт век, еден од неговите најсензационални потези беше ангажманот на Луис Фиго од Барселона, трансфер што остана запаметен како едно од најголемите предавства во историјата на фудбалот. Во последно време, најголемото засилување за „кралевите“ без сомнение е доаѓањето на Килијан Мбапе. Перез покажа огромно трпение, чекајќи да му заврши договорот со ПСЖ, за на крајот да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, не секоја амбициозна трансфер-операција се реализира. Така, Перез неодамна се интересирал за ситуацијата на Ламине Јамал, а одговорот што го добил од Жорге Мендеш бил јасен и без двоумење. Мендеш веднаш го олади ентузијазмот на Перез, јасно давајќи му до знаење дека преселба на талентираниот играч во Реал Мадрид не е возможна. Сам и Јамал веќе го има изразено својот став. Тој отворено изјави дека нема намера да ја облече белата опрема на мадридскиот гигант. „Нема шанси некогаш да му се приклучам на Реал Мадрид“, категорично рече најдобриот млад фудбалер во светот. Ако некогаш ја напушти Барселона, неговата желба е повеќе да се пресели во странство, наместо да премине кај најголемиот ривал. Францускиот гигант ПСЖ исто така внимателно го следи младиот талент, надевајќи се дека може да го убеди да ја избере нивната екипа, исто како што претходно го направија со Нејмар и Лионел Меси. Со огромна финансиска моќ, клубот од Париз верува дека може да му понуди договор што би бил премногу добар за да се одбие. И клубовите од Премиер лигата не остануваат на страна – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул внимателно ја следат секоја развојна ситуација со 17-годишниот играч. И покрај целиот интерес и шпекулации, Јамал останува посветен на Барселона. Прашање на време е кога ќе го потпише новиот петгодишен договор, кој ќе содржи ослободителна клаузула од најмалку една милијарда евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |