Перез тргнува во голема офанзива: Реал ќе потпише шест фудбалери

April 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Перез тргнува во голема офанзива: Реал ќе потпише шест фудбалери

Слабите резултати на Реал Мадрид сезонава сериозно го загрозуваат планот за „мирно лето“ на „Сантијаго Бернабеу“ и веќе најавуваат трансфер-бура. Според шпанскиот медиум „Релево“, првичната стратегија за умерени засилувања е напуштена, а наместо тоа се подготвува целосна реконструкција на тимот. Првично, „кралевите“ планираа само еден голем потег, а тоа е доведување на Трент Александер-Арнолд како слободен агент. Но, со оглед на слабото издание во првенството и елиминацијата од Лигата на шампионите, раководството реши да ја смени насоката. Во игра повторно се враќаат две добро познати имиња, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и левиот бек на Џирона, Мигел Гутиерес. Доколку Чаби Алонсо го наследи Анчелоти, Зубименди би бил природен избор, бидејќи Алонсо одлично го познава и го цени неговиот стил. Што се однесува до Гутиерес, тој би можел да се врати во Мадрид за симболични 8 милиони евра, благодарение на специјалната клаузула во договорот при неговиот замин во Џирона. Покрај овие имиња, на радарот на клубот се наоѓа и голманот на Еспањол, Жоан Гарсија, како и уште најмалку четворица нови фудбалери, централен дефанзивец, десен бек и уште двајца од средниот ред.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.