January 30, 2025 | | Свет
Додека фудбалскиот свет шпекулира за огромната понуда на Саудиска Арабија за Винисиус Жуниор, во позадина се крои уште поголем план – ангажман на неговиот сонародник Родриго! Според пишувањата на Globoesporte, Ал Хилал го гледа токму бразилскиот талент како идеална замена за Нејмар и подготвува стратегија за да го убеди да ја прифати понудата. Родриго во Реал Мадрид често останува во сенката на Мбапе, Белингем и Винисиус, но во Саудиска Арабија работите ќе бидат сосема поинакви. Ал Хилал не само што е подготвен да му понуди вистинско богатство, туку и да го направи најголемата ѕвезда на теренот, играч околу кој ќе се гради целиот проект. Ова е само уште еден показател дека Саудиска Арабија не штеди пари за да привлече врвни фудбалери. Додека за Винисиус се шпекулира за астрономска понуда од 300 милиони евра за Реал и неверојатни 1 милијарда евра за петгодишен договор, сега вниманието е насочено кон Родриго, кој би можел да биде следното големо засилување во блискоисточниот фудбалски бум.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |