August 28, 2024 | | Свет
Фудбалската Асоцијација на Јужна Америка, КОНМЕБОЛ ги соопшти казните поврзани со инцидентот кој настана по натпреварот помеѓу Уругвај и Колумбија во полуфиналето на Копа Америка годинава. Имено, по натпреварот дојде до тепачка меѓу играчите и навивачите, а Дарвин Нуњез беше еден од главните тепачи. Колумбиските навивачи тргнаа да ги нападнат фамилиите на уругвајските фудбалери, па затоа дојде до таквата реакција. Уругвајците по инцидентот зборуваа за тоа дека организацијата потфрлила и дека немало безбедност. Фудбалската федерација на Уругвај ќе биде казнета со 120.000 долари, а покрај Нуњез, кај Уругвај беше казнет и Родриго Бетанкур со четири натпревари, а Матиас Оливера, Роналд Араухо, Касерес и Хименес со три натпревари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |